„Ќе ги ракетираме мостовите во Истанбул“: Грчки генерал и се заканува на Турција !
Турција и Грција, кои имаат територијални спорови долги години, во последно време се почесто имаат потези и реакции кои ги затегнуваат меѓусебните односи.
Најновиот територијален проблем меѓу двете земји се појави поради островите во Егејското Море. Турција ја обвинува Грција за поставување оружје на островите во близина на турската граница, додека Атина вели дека оружјето е неопходно за самоодбрана. Исто така, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја обвини Турција за дестабилизирање на ситуацијата на Кипар.
Турскиот лидер, Реџеп Таип Ердоган, пак, порача дека Грција мора да ги признае своите граници и да се придржува до нив, затоа што во спротивно Анкара ќе одговори одлучно.
Потоа, пензионираниот грчки генерал Јанис Еголфопулос и се закани на Турција со ракетен напад врз стратешките мостови во Истанбул што ги поврзуваат Европа и Азија.
По таквата вербална препирка, политикологот Таки Барбракис изјави дека разговорите за можноста од воен конфликт меѓу Анкара и Атина во последно време се зачестени меѓу грчките политичари, пренесува „Ал Џезира“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Официјални документи докажуваат дека проектот Скопје-…
Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба…
Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…
Само неколку дена траеше договорот за откупната…
Сите државни ресурси ангажирани на терен за…
Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…
(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…
На социјалните мрежи се прошири видео на…
(Видео) Торнадо го погоди југозападот на Франција,…
По серијата пожари, Франција се соочи со…