Објавено на:

Бугарското МНР: Со Скопје не е постигнат договор за тоа кога Бугарите ќе се вметнат во Уставот

t

Како што пишува БНР, повикувајќи се на извештајот од бугарското МНР, Скопје и натаму инсистира вклучувањето на Бугарите во Уставот да се случи пред отворање на првиот кластер „Основни принципи“, а не пред официјалниот почеток на преговорите.

Со Скопје не е постигнат договор за тоа дека првата меѓувладина конференција (за отворање на пристапните преговори) ќе се одржи откако Македонија ќе ги вметне во својот Устав и Бугарите што живеат во оваа земја, објави Бугарското национално радио (БНР), пренесувајќи го извештајот на бугарското Министерство за надворешни работи со кое протоколот (за имплементација на Договорот од 2017 година) е доставен до парламентарната Комисија за надворешна политика.

Како што пишува БНР, повикувајќи се на извештајот од бугарското МНР, Скопје и натаму инсистира вклучувањето на Бугарите во Уставот да се случи пред отворање на првиот кластер „Основни принципи“, а не пред официјалниот почеток на преговорите.

Бугарското Министерство за надворешни работи, според извештајот, признава и дека не е реално да се очекува сите земји на ЕУ да ја поддржат Бугарија во однос на ставот за македонскиот јазик.

Исто така, се наведува дека не случајно што се уште не се објавени ставот на Скопје и на оние земји членки на ЕУ што ја поддржуваат Северна Македонија бидејќи, како што пишува во извештајот, Северна Македонија се надева дека ниту самата Бугарија нема да го поддржи и на тој начин Скопје ќе се најде во поповолна позиција.

Бугарското МНР ги информира пратениците и дека 23 јуни не е краен рок во кој Бугарија треба да одговори на предлогот на француското претседателство. Оттаму велат дека може да се донесе одлука во друг формат на Советот на ЕУ до крајот на јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

САД констатираа дека Бугарија прикрива руски хибридни…

САД констатираа дека Бугарија не се бори…

Македонските одбојкари денес против Бугарија: Комплетен распоред…

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го започнува…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…