Стивен Сигал останува руски пратеник за хуманитарни врски со САД
Американскиот актер Стивен Сигал сè уште останува во улогата на руски пратеник за хуманитарни врски со Соединетите Американски Држави, и покрај фактот што беше прекинат билатералниот меморандум за разбирање во областа на културата меѓу двете земји, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Се разбира, Стивен Сигал го задржа статусот на специјален пратеник. Тој е задолжен за голем број прашања и не планираме ништо да менуваме, и покрај општата клима на билатералните односи“, изјави Рјабков.
Претходно, руската влада го одобри предлогот на Министерството за надворешни работи за раскинување на меморандумот за разбирање со САД во областа на културата, хуманитарните и општествените науки, како и образованието и медиумите.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…