Поразително: Македонија е трета најсиромашна земја во Европа!

t

Според податоците за стандардот на населението на Еуростат, Македонија е под 50% проценти од европскиот просек, односно 49%. Србија е на 52% од европскиот просек, Босна и Херцеговина 41% и Албанија 39%.

Со 60 отсто од европскиот просек, Црна Гора е прва во регионот. Од земјите членки на ЕУ од Балнонот, но и воопшто, најлошо стои Бугарија која е на нови од 63 отсто од просекот на ЕУ.

Еуростат го мери стандардот според фактичката индивидуална потрошувачка по глава на жител, што покажува колку добра и услуги потрошиле поединците, дали самите платиле за нив или трошоците ги сноси државата.

На ниво на ЕУ, Луксембург имале највисок стандард минатата година, со 46% над европскиот просек. Следат Данска и Германија со стандард повисок за една петтина.

Најблиску до просекот на Унијата се Италија, Литванија и Кипар, додека Чешка, Словенија, Полска, Шпанија, Португалија и Романија заостануваат во просек по околу 15 отсто.

Хрватска е во групата земји со низок стандард во ЕУ во 2021 година, изразен во реална лична потрошувачка по глава на жител, за 27 отсто пониска од просекот. Литванија, Унгарија и Словачка се со стандард околу 30% под просекот на ЕУ.

Интреесно е што Романците, според стандардот ја надминаа Грција и две од трите балтички републики кои своевремено беа означувано како балтиќки тигри. Во овој момнет, Романија е практично на исто ниво со Португалија, иако слободно може да с екаже дека таа беше најсиромашна членка на бившиот комунистички блок.

Најсиромашни во Европа се Албанците, потоа следат жителите на БиХ, па граѓаните на „нашата земја“. Во осумдесетите Македонија беше своевидна „ветена земја“ за Романците, а денес изгледа е обратно. Мерењата на Еуростат не ги опфаќаат Молдавија, Белорусија и Украина.

Извор: Денешен весник

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…