(Видео) Протест и тепачка пред домот на Бојко Борисов поради Македонија
Претставниците на бугарското ВМРО, предводени од Ангел Џамбаски, се собраа на протест пред куќата на Бојко Борисов во Банкаја, според снимките споделени на Фејсбук.
Повод за демонстрациите е одлуката на партијата ГЕРБ да го поддржи францускиот предлог за укинување на ветото на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Тие развиорија плакати со повик „Не ја изневерувајте Македонија“.
Одеднаш, на демонстрантите им се придружија активисти и пратеници на ГЕРБ, кои се расправаа со претставници на ВМРО, а дојде и до тепачка.
На почетокот се расправаа членовите на ГЕРБ и ВМРО, но на крајот Георгиев и Џамбаски се ракуваа.
https://www.facebook.com/Djambazki.VMRO/videos/402371051665385/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…
Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…
САД констатираа дека Бугарија прикрива руски хибридни…
САД констатираа дека Бугарија не се бори…
Македонските одбојкари денес против Бугарија: Комплетен распоред…
Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го започнува…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…