Објавено на:

Рама: Бугарија има проблем со мојот начин на зборување, и јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билтаралните прашања

t

Премиерот на Албанија, Еди Рама на својот Фејсбук профил посочува дека Бугарското Министерство за надворешни работи имало проблем со неговиот начин на разговор.

Тој вели дека ова е доволно фер бидејќи и тој има проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билатералните прашања.

„О! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот начин на зборување! Доволно е фер. И јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билтаралните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји од НАТО! Лесно пријатели: Подигнете ВЕТО или издржете со мене!“, вели Рама.

Во друг твит пак, Рама појаснува дека доволен бил еден разговор со поранешниот премиер Бојко Борисов за да се реши прашањето за бугарско малцинство во Албанија.

„И патем да ве потсетам драги пријатели Бугари дека беше потребен краток телефонски разговор @BoykoBorissov пријателски и искрено да се реши прашањето за бугарското малцинство во Албанија!“, порача Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…

На социјалните мрежи се прошири видео на…

(Видео) Торнадо го погоди југозападот на Франција,…

По серијата пожари, Франција се соочи со…

Кос: Не смееме да прифаќаме тројански коњи…

Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос,…

Отпочната реконструкцијата на патот Добри Дол –…

Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски денеска…

Божиновска: Сонцето станува еден од главните столбови…

Македонија сè посилно го претвора својот сончев…