Кој е против договорот со Бугарија ќе одговара?! – Според Османи, биле цел на хибриден напад дома, можна е кривична постапка

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, изјави денес дека тој, други министри и политичките партии во државата кои требаше да ја бранат позицијата на Македонија во преговорите со Бугарија биле цел на хибриден напад во земјата, при што навести можна истрага која, ако се покаже дали станувало збор за организирано сценарио за уривање на државната позиција, по што е можно и кривично да одговараат.

-Имавме хибридни напади врз закани за министри и политички партии со кои се обидуваше да се урне нашата државна стратегија и државните позиции за спорот со Бугарија, кои може да се исчитаат во контекст на кривични постапки. Некој се обидуваше да ја урне нашата позиција. Тие хибридни закани треба да се истражат, да се види дали се дел од некои сценарија, бидејќи можно е некои да избрзаа од наивност, но некои учествуваа свесно и организирано, рече Османи, на првата прес конференција по враќањето од Брисел.

Тој во ракавици и индиректно, без да го посочи, практично го нападна еврокомесарот Оливер Вархеи каде еден од европските преставници кои не пристапиле чесно на преговорите со Бугарија, оценувајќи наедно дека наспроти нападите кон Франција, француските преговарачи се обидувале да бидат чесни посредници и преговарачката рамка што ја дале, ја дале во цајтнот, со недефинирани делови во заграда, со цел да покажат дека тоа се спорните ставови кои треба да се усогласуваат деновиве и дека сакаат да му дадат шанса на репшението.

-Тие се обидуваа да бидат чесни посредници, иако последниве денови видовме дека имаше други кои работеа обратно.Француските преставници беа многу внимателни и најтешко им беше што немаа адреса за разговор во Бугарија . Таму беше таков хаос, не знаеја со кого да се сретнат, рече Османи довдавајќи дека затоа не држат нападите на француското претседателство кај нас. Тој потврди дека ние сме биле со нив во постојана комуникација и сме ги искажувале нашите ставови и забелешки, и дека веднаш откако било најавено дека недоговорената рамка ќе биде пратена на разгледување во ЕУ, сме ги испратиле своите резерви, но тоа не било објавено заради гласањето доверба на владата во Бугарија и пријателската сугестија од надвор дека во спротивно, би можеле да влијаеме на исходот таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан им ја честиташе победата на Силјановска…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја честиташе победата…

Стево го победи СДСМ со над 90.000…

Според досегашните резултати од вториот круг на…

ПАДНАА ПРВИТЕ ОСТАВКИ ВО СДСМ – си…

Ова е неговиот интегрален текст објавен на…

Апасиев: Левица ќе продолжи за петпати појако…

По 85% од пребројани гласови, партијата Левица…

Вучиќ и ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва и ја…