Димовски ги попари Бугарите: На кој јазик зборувате кога имате само 10 бугарски зборови?

t

Бугарија во 21 век сака да зборува за историја…

Бугарија во 21 век сака да зборува за нашиот народен идентитет…

Бугарија во 21 век сака да го оспорува идентитетот на македонскиот народ…

Бугарија во 21 век секојдневно го оспорува македонскиот јазик…

Срамота !, пишува поранешниот пратеник во македонското Собрание, Илија Димовски.

Од тука натаму има две патеки:

Првата, да научите дека за тоа не сакаме да зборуваме…

Втората, ако веќе инсистирате немојте да мислите дека ние немаме прашања за вас и вашата историска “вистина”…

За почеток еве само малку прашања и дилеми на кои и вие ќе мора да одговорите:

1. На кој јазик зборувале Бугарите кога дошле на Балканот?

2. Како тоа вашиот јазик го нарекувате бугарски кога тој не е тоа, има словенски корен и потекло, а не бугарски? (Има само 10 бугарски зборови во вашиот јазик)

3. Дали вашето прво царство е словенско или бугарско?

4. Дали културолошки и цивилизациски сте со потекло Словени, Траки, Мизи или Бугари? (Сите четири многу различни едни од други)

5. Дали вашето второ царство е словенско или влашко?

6. Дали вашите преродбеници зборуваа дека сте наследници на Александар Македонски? (Паисиј Хиландарски на пример)

7. Дали до 1850 година во поголем дел од Бугарија населението се пишувало за грчко, а на северо-западот за српско? (Видете ги турските пописи)

8. Дали вашата револуционерна организација е воспоставена на територија на Романија и Србија? (Е таму е, а не во Бугарија)

9. Дали вашиот народен херој Георги Раковски имал и српско и грчко име и презиме и себеспознавање? (Поповиќ на пример, како што е роден)

10. Зошто Бугарија не даде помош на Кресненското, Разловечкото и Илинденското востание? (Вашата армија не се интересираше, а нели викате дека сме еден народ)

11. Дали Бугарија го потпиша Букурешкиот договор за распаѓање и поделба на Македонија?

12. Дали ги предадовте најголемиот дел од Македонците на владеење на Грција и Србија?

13. Дали во ПСВ вашата армија употребуваше неконвенционално оружје бомбардирајќи ја Битола?

14. Дали и зошто Ополчението во ПСВ во тек на војната го пративте да војува на Тракија, а не во Македонија?

15. Дали во вашиот Парламент уште пред ВСВ има дебати, дискусии и признанија за посебноста и засебноста на македонскиот народ и јазик?

16. Дали во Македонија имаше отпор и војна помеѓу Македонците, предводени од партизанските одреди кои носеа имиња на илинденците, од една страна и бугарската армија од другата страна?

17. Зошто во Бугарија се пеат македонски песни, а во Македонија никогаш не се пееле песни за Ботев, Левски, Раковски, Стефан Караџа, за Русе, Видин, Габрово?

18. Зошто во нашиот фолклор и преданија никогаш ги немало Аспарух, Асен, Ботев или Левски?

19. Дали во историјата во последните 10 века има записи за населување на Бугари во Македонија или па сосема обратно има населување на Македонците во Бугарија?

И уште многу прашања…

П.С. Ние сакаме да соработуваме и да одиме напред кон иднината,

ама немојте да мислите дека сме спремни да бидеме нечии вазали и прислужници, зошто нашите од минатото рекле: “Ние Македонците не сме Срби, ни сме Бугари, ами просто Македонци.”, пишува Димовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…

(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…

Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…