НЦЦ: Бугарскиот рецепт за Македонија е како на Путин, само без тенкови
Швајцарскиот весник Ноје Цирхер Цајтунг оценува дека одењето во Брисел не им вредело на земјите од Западниот Балкан. Ни трага од некаква искреност на ЕУ кон регионот, пишува весникот, а пренесува Дојче Веле на македонски.
На Самитот на ЕУ во Брисел имаше една главна и една споредна бина, пишува швајцарскиот Ноје Цирхер Цајтунг.
„На главната бина расположението беше искрено и по малку патетично: Украина и Молдавија добија кандидатски статус.
(…) На споредната бина се собраа претставниците на шесте држави од Западниот Балкан. Атмосферата таму беше изразено лоша. И таму се играше драмата ‘проширување на ЕУ’. Но таа претстава веќе предолго се игра. Албанскиот премиер Еди Рама ја нарече „Чекајќи го Годо“, една бескрајна драма.”
НЦЦ понатаму оценува дека земјите-членки на ЕУ постојано наоѓаат причини да ги блокираат дури и малите чекори на приближување на земјите од регионот. Како пример за тоа го истакнува случајот на Македонија, која е кандидат од 2005 година.
„И оттогаш земјата е уценувана од ЕУ-членките. Грција ја натера да си го смени името во С. Македонија. Тукушто го стори тоа, дојде Бугарија и побара Македонците да признаат дека не се вистинска нација, туку дека во основа се Бугари.”
Во пресрет на самитот, пишува натаму во коментарот НЦЦ, Албанија, Србија и С. Македонија размислуваа дали патувањето во Брисел воопшто вреди.
„Не вредеше. Она што државите таму го слушнаа, беше добро познатата песна на охрабрување и смирување. Секој на Балканот ја знае: Без вас не сме целосни, ние сме подготвени кога ќе бидете и вие. Од сигнали за некаков пресврт, нова искреност од ЕУ како надворешнополитички актер, немаше ни трага.
Наместо тоа, комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји ги прогласи бугарските уцени за сериозен приговор. Тоа не значи ништо друго освен дека С. Македонија мора да го прифати бугарскиот поглед на историјата, доколку сака да се приближи до Унијата. Тоа е рецептот на Путин за однос кон соседите- но по елегантен, без тенкови,“ пишува НЦЦ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…