Дали еврокомесарот го „минирал“ целиот процес? Димитров уште во април откри дека Вархеји е на страната на Софија

t

„Не сум запознаен со никаква преговарачка рамка, се што знам дека има комплетен застој во Софија, за што не сум многу среќен, го поминувам речиси секој вторник во таа земја, без резултат, очигледно е дека внатрешната политика е способна да му наштети на кредибилитетот на ЕУ. Значи, во оваа фаза, мислам дека не можеме да зборуваме за никаква преговарачка рамка“.

Ова е изјавата на Оливер Вархеји дадена пред десетина дена, а воедно неполни два месеци по неговата посета на Софија и Скопје. Но, вчера по самитот на ЕУ-Западен балкан, еврокомесарот за проширување, кој според правилата би требало да биде најголем пријател и поддржувач на земјите кои се кандидати за членство во ЕУ или го започнале процесот, со поинаков став во однос на спорот помеѓу Македонија и Бугарија.

„ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни“, рече Вархеји.

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за надворешни работи, Никола Димитров, во гостувањето во Клик Плус уште во април месец, непосредно пред посетата на Вархеји на Софија и Скопје, обвини дека еврокомесарот практично со своите постапки одмагал на целиот процес. Како што вели тој, Вархеји за време на германското, но и португалското претседателство со ЕУ, имал свои предлози и дека уште тогаш предлагал бугарските услови да бидат дел од преговарачката рамка.


„Имаме комесар, кој што помалку да беше вклучен во прашањево, помалку да ни помагаше, веројатно полесно ќе го решевме, можеби ќе беше затворено за време на германското претседателство“, рече Димитров во април годинава.

Новинар: Одмагаше?!

Димитров: Одмагаше. Затоа што ставаше паралерни предлози со Берлин, различни, кои што беа повеќе на линија кон бугарските позиции, а притоа неговите предлози немаа поддршка од многу земји членки и од највжните и од најголемите земји членки. И на тој начин ги компромитираше предлозите на претседателството. Тоа се случи и со Германија, тоа се повтори и со Португалија.

На овие обвинувања, немаше коментар ниту од Владата, ниту од Вархеји. Но, за ставот на еврокомесарот напишан вчера на Твитер, коментар има Ерван Фуере, поранешен специјален претставник на Европската унија во Македонија, во чиј мандат нашата држава доби кандидатски статус.


„Целосно нема логика… Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, додека други се во спротивност со пресудите на европскиот Судот за човекови права. Комесарот треба да се срами од себе“, рече Фуере.

Според него, поради ваквата објава Вархеји треба да поднесе оставка или да биде принуден да поднесе оставка.

Извор: ТВ21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…

Димитров побарал aпaнaжа: Живеам од плата, не…

Од министрите и замениците министри кои не…

Димитров удpи по Ковачевски на Фејсбук: Салама…

Никола Димитров, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, денеска…