Зеленски до фестивалците на Гластонбери: Проширете ја вистината!
Покрај сите светски имиња како Били Ајлиш, Пол Макартни и Кендрик Ламар кои ќе имаат настап на фестивалот Гластонбери овој викенд, Володимир Зеленски се појави пред нив.
Видео порака од претседателот на Украина беше пуштена на големите екрани на The Other Stage (втората по големина сцена на британскиот фестивал) на ручек во петокот.
Зеленски го опиша Гластонбери како „најголема концентрација на слобода – и ве замолувам да го споделите ова чувство со сите чија слобода е нападната“.
„Проширете ја вистината“, рече тој, повикувајќи ги посетителите на фестивалот „да извршат притисок врз сите политичари што ги познавате да помогнат во враќањето на мирот во Украина. Времето е драгоцено и секој ден се мери со човечки животи. Колку повеќе луѓе ќе ни се придружат во одбраната на слободата и вистината, толку побрзо ќе заврши руската војна против Украина. Докажете дека слободата секогаш победува“.
По говорот, The Libertines излегоа на сцената, а фронтменот Пит Доерти почна да пее „Володимир Зеленскиј“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…
Зеленски: Најмалку тројца загинати и над 20…
Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од…