Ќе инсистираме нашите позиции да се вградат во преговарачката рамка, тврди Маричиќ
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во своето гостување на „Топ тема“ на телевизија Телма, посочи дека денеска не добиле нов француски предлог или нацрт предлог, туку дека Бугарското собрание изгласа декларација во која што дел ги реафирмира, дел ги видоизменува или изнесува своите ставови.
„Ние ги изнесовме нашите ставови на самиот Самит во Брисел и на прес-конференцијата, така што доколку врз основа на тие изнесени позиции од наша страна и од бугарска страна, успее француската влада и претседател да предложи некој нов поинаков предлог, ние ќе бидеме подготвени да го разгледаме дали овие наши барања кои што ги изнесовме вчера, позиции, црвени линии се внесени, дали се задоволени за да можеме да разговараме на кој начин и на кој рок тоа да се прифати. Сигурни сме дека ние ќе инсистираме на позициите кои што ги изнесовме да бидат вградени во целиот пакет и во преговарачката рамка и во заклучоците за да може да бидат прифатливи кај нас“, рече вицепремиерот.
„Денеска немаме добиено нов француски договор или нацрт предлог туку бугарското Собрание изгласа Декларација каде ги изнесе своите ставови. Врз оснава на нашите предлози и бугарските, француското претседателство треба да предложи нов, поинаков предлог за кој ние ќе бидеме подготвени да го разгледаме и да видиме дали нашите барања се внесени за да можеме да разговараме во кој рок тоа може да се прифати“, вели Маричиќ.
Тој посочи дека денешната реакција на Макрон била во контекст врз осноа на тоа што бугарското Собрание и покрај политичката криза денеска изгласало Декларација.Маричиќ кажа дека до владата бил доставен драфт документ од предлогот за кој веднаш биле испратени забелешки од нашата страна до ЕУ претставниците.
–
„Нашата цел е да не правиме непријатели туку да ги одржуваме пријателите и да комуницирам, но тоа не значи дека ќе се согласиме со сѐ, додаде тој.
„Јас не можам да го толкувам премиерот Ковачевски“, изјави Маричиќ на прашањето за коментар околу изјавата на премиерот дека има одредени експерти во државата кои создаваат хистерија заради некои трети земји.
„Факт е дека постоеа луѓе, поранешни политичари, луѓе кои се заинтересирани за овој процес, кои или погрешно ги информираа или намерно креваа тензија, дел од политичките партии или медиумите,“ рече Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…
Европската Унија работи на паралелни реформи во…
Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Маричиќ од Црна Гора: Време е за…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…
Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…
И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…
Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…