Кина со закана: Ќе го вратиме Тајван
Пекинг нема да се двоуми да го врати Тајван со помош на сила, предупредува кинескиот амбасадор во Франција.
Спремни се да ги искористат сите средства за да ја врати контролата над Тајван, изјави кинескиот амбасадор во Франција, Лу Шаје.
„Не можеме да го оставиме Тајван независен“, инсистираше Лу за време на неговото интервју во четвртокот со каналот Ливр Ноар на Јутјуб.
„Ќе го вратиме Тајван со сите средства, вклучително и воени. Ако не можеме повторно да ја обединиме земјата со мирни средства, што друго ни останува да правиме?“ истакна тој, станувајќи уште еден кинески фунцкионер кој понуди такво предупредување.
Амбасадорот ги обвини САД за поттикнување тензии околу Тајван и Украина, каде што е во тек руската воена операција.
„Американците сакаат да започнат две војни: едната во Европа, другата во Азија“, рече тој.
Лу ги отфрли споредбите меѓу можниот потек на Кина со руските акции. „Тајван не е суверена држава. Тоа е составен дел на Кина уште од античко време“, објасни тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
САД и Кина започнаа нова рунда трговски…
Кина и САД започнаа нова рунда трговски…
САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…
Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…