Објавено на:

(Видео) Силно невреме во Делчево

t

Силно невреме го поплави Делчево, пренесуваат во живо МИА.

На Булевар Македонија улицата е целосно поплавена, а дел од автомобилите се под вода и граѓаните информираат дека има дрвја и билборди урнати од самото невреме. Електричната енергија беше во прекин околу 10тина минути.

Од невремето срушен е и покривот на основното училиште Ванчо Прке. Исто така, се препорачува до граѓаните на делчево да не ја користат водата за пиење од градскиот водовод, поради неработење на пумпите за прочистување на водата, изјавува директорот на комуналното претпријатие на Делчево Стојче Стојчевски.

Екипите на итната медицинска помош и полицијата интервенираат со огромна брзина.

Сепак во оваа несреќа, среќата е тоа што неема информации за жртви.

Видеото може да го погледнете: https://fb.watch/dT2y1fQ2w0/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Потпишан договор вреден над 40 МИЛИОНИ ДЕНАРИ…

Делчево ќе добие реконструирана и модернизирана градска…

Кривична за директорот на Комуналното од Делчево…

Директор на јавно претпријатие во Делчево заработи…

Ова е младиот херој од Делчево кој…

Градоначалникот на Делчево денеска му додели плакета…