Белорусија добива ракетен пакет од Русија
Русија во следните месеци ќе и достави на Белорусија ракетен систем Искендер-М, најави денеска рускиот претседател Владимир Путин пред средбата со белорускиот колега Александар Лукашенко во Санкт Петербург.
–Во следните месеци во Белорусија ќе го пренесеме тактичкиот систем Искандер-М, што може да користи балистички или крстосувачки ракети во конвенционалните и нуклеарните верзии, истакна Путин. Украинската армија соопшти дека северниот пограничен регион на Украина, Чернигов денеска беше под „масовно бомбардирање“ од територијата на Белорусија. Во соопштението се наведува дека 20 ракети биле истрелани од територијата на Белорусија врз Десна. Десна, мало село со население од околу 7.500 луѓе, се наоѓа на 70 километри северно од Киев и слично растојание јужно од границата на Украина со Белорусија.
Украинската разузнавачка служба денешниот напад го оцени како обид на Русија да ја вовлече Белорусија во војната во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…