Објавено на:

Рама: „Русија е далечна земја, треба да соработуваме со Србија“

t

Премиерот на Албанија, Еди Рама во интервју за „Франс 24“ изјави дека Албанија се обидува да соработува со Србија за да не се повтори конфликтот меѓу двата народа.

Тој додаде дека за него Русија е далечна земја со која Албанија не соработува, пренесува Економија онлајн.

Рама во ова интервју зборуваше и за односите на Албанија со Русија, велејќи дека таа е „многу далечна земја“ и дека односите меѓу двете земји се минимални.

„Имаме сосема поинаква историја, економски и трговски врски со Русија. За нас таа е многу далечна земја. Нашите односи се минимални, немаме трговски односи ниту во најдобрите моменти“, рече Рама.

Што се однесува до Србија, тој рече дека треба да се обиде да соработува и „да не падне повторно во стапицата“.

„Затоа е важно да не дозволиме оваа војна да го погоди Балканот. Балканот е најранливата алка во Европа, а ние се обидуваме да соработуваме со Србија. Се трудиме заедно да одиме кон иднината и да не се враќаме во замката каде што секогаш сме паднале на Балканот и сме имале само жртви, мртви и разурнувања. Србија, пак, направи важен чекор со трипати гласање во ОН против Русија. Се согласувам со санкциите, но не треба да барате сè веднаш бидејќи може да пукне, па дури и да експлодира“, рече Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Божиновска: Сонцето станува еден од главните столбови…

Македонија сè посилно го претвора својот сончев…

Социјални платформи да ги бришат видеата што…

„Тик-ток“ и другите социјални платформи да ги…

„Шест недели нема објавен извештај за водата…

Шест недели по проблемите со водоснабдувањето во…

Македонија го има едно од најголемите наоѓалишта…

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во…

Хегсет: САД не ја исклучуваат употребата на…

Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, изјави…