Нуров обезбеди полуфинале на Медитеранските игри
Македонскиот претставник Магомедгаджи Нуров се пласираше во полуфиналето на турнирот во борење слободен стил на Медитеранските игри, а противник за пласман во финалето вечерва ќе му биде Мостафа Елдерс од Египет.
Нуров обезбеди полуфинале со три убедливи победи со технички туш против противници од Тунис, Алжир и Шпанија.
Своите настапи на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран ги завршија македонските каратисти Петар Заборски, Симона Заборска и Петар Спасеновски, откако сите тројца претрпеа порази во првото коло од Енес Гарибовиќ од Хрватска, Тамара Живковиќ од Србија и Мароканецот Набил Еч-Чаби.
Владимир Егоров и Фати Вејсели, исто така, во првото коло ги загубија своите натпревари во борење слободен стил. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Товарен брод потона крај Романија: Еден загинат…
Еден морнар загина, а тројца се водат…
Еве како полицијата во Италија се подготвува…
Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор…
Франција распоредува 70.000 полицајци: Лувр и други…
Француските власти најавија распоредување на околу 70.000…
Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации…
По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската…
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со…
Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски…