ССМ утре три часа ќе протестира пред МТСП
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информира дека и утре продолжуваат со штрајкот и блокадите на улиците во главниот град. Од таму информираат дека утре ќе бидат пред Министерството за транспорт и врски.
-Согласно Одлуката на Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ на 28.06.2022 година од 10 часот до 13 часот ќе застанеме на платото пред Министерството за труд и социјална политика, соопштија од ССМ.
Рано утрово ССМ го блокираше влезот на Скопје кај раскрсницата во Автокоманда, каде беа поставени и шатори на самиот булевар.
-Во знак на револт и поддршка на нашите колеги работници кои штрајкуваат на своите работни места за време на работното време да и кажеме јавно и јасно на централаната власт и локалната дека сме спремни да одиме до крај. До крај значи 2.806 денари усогласување на платата од 1 јули, К-15 и нов Колективен договор, побара уште еднаш претседателот на Синдикатот, Дарко Димовски.
Денеска беше четврти ден на генералниот штрајк на јавниот сектор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синдикалната кошница порасна на 69.432 денари –…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…