Арсовска: На ул. Љубљанска следи реконструкција на пешачките и велосипедските патеки
Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката на Град Скопје, Даниела Арсовска потенцира дека следува реконструкција на пешачките и велосипедските патеки на ул. Љубљанска.
„Тоа беше, исто така, на барањето од граѓаните следи реконструкција на пешачките и велосипедските патеки таму. Се реконструираше од страните на Сити Мал во насока кон мостот што ги спојува практично Карпош од една страна кај ул. Љубљанска, од другата страна во потегот на движење кон населеното место Бардовци“, истакна Даниела Арсовска.
„Со ова реконструкција само ќе се доизгради тоа што следи, односно доизградбата и поврзувањето на булеварот со мостот кој е таму испланиран, кој од другата страна треба да има соодветно поврзување“, истакна градоначалничката на Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парното поскапува од 1 декември, сметките во…
Од 1 декември цената на топлинската енергија…
Вo текот на минатата недела се отстранети…
Во текот на изминатата седмица, екипите на…
Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…
Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…
Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…