Николов: Ќе се бориме за секоја топка
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Кристијан Николов кој вети пожртвувана игра, борба за секоја топка и голема желба за триумф над Украина.
-Очекувам да дадеме се од себе, да се бориме за секоја топка. Подмладени сме, меѓутоа тоа не значи дека ќе се предадеме. Секој од нас знае што значи да се игра за Македонија и ветуваме дека ќе го дадеме максимумот, Првo играме со Шпанија, потоа Украина на домашен терен. Сакаме победа, затоа што мотивот не е загубен и покрај тоа што сме некомплетни. Кога играме за репрезентацијата мораме да бидеме чисти пред себе и да го дадеме најдоброто. Знам дека младите ќе дадат се од себе. Ние еден на друг не гледаме како млад и стар, не се делиме, туку се гледаме како играчи кои можат да играат за репрезентацијата и затоа се овде, -порача членот на МЗТ Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ирански пратеник побара дозвола за нуклеарно оружје…
Претседателот на Комисијата за внатрешни работи во…
Русија и Украина разменија по 270 лица…
Русија и Украина спроведоа нова размена, со…
САД ги ажурираа предупредувањата за Блискиот Исток…
Американскиот Стејт департмент ги ажурираше патничките предупредувања…
Изгоре „масата за дијалог“ на Еди Рама
Дел од учесниците на денешниот опозициски протест…
(Во живо) Ескалација на протестите во Тирана:…
Приврзаниците на албанската Демократска партија фрлаа денеска…