Објавено на:

(Видео) Автомобил собра пешак на тротоар – Чудо е како остана жив!

t

Еден жител на Белград имаше неверојатна среќа да помине без посериозни последици  кога беше прегазен од автомобил додека одеше по тротоар.

На видео од безбедносна камера се гледа како автомобил се залетува кон тротоарот, по кој пешачи 27-годишното момче и уште еден човек, по што од грб го удира и без да сопре продолжува да вози.

За среќа на момчето, тој минал само со полесни повреди.

Во улицата Браќе Јерковиќ синоќа на тротоар е соборен пешак (27). Тој бил пренесен во Ургентен центар и се покажало дека има полесни телесни повреди. Возачот побегнал од местото, но полицијата брзо утврдила за кое возило станува збор, па се очекува апсењето на возачот да се случи наскоро – пишуваат српските медиуми.

Видеото може да го погледнете на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србите сѐ помалку бараат работа во странство,…

И покрај глобалните предизвици како што се…

Српскиот министер за финансии: Од 2020 година…

Од 2020 година Србија кумулативно привлече 15,9…

Рикер: Прашање на време е кога ќе…

Поранешниот шеф на УНМИК на Косово, Јоаким…

Листа на најбогати пејачи во Србија: Некои…

„Информер“ ја објави листата на најбогати пејачи на…

Се одложи гласањето на Резолуцијата за Сребреница

Седницата на која на дневен ред беше…