Трас со порака: Западот не смее да покаже знаци на замореност и откажување
Западот мора да се подготви да ја поддржи Украина против Русија на долг рок и да не попушти пред „заморот“ од конфликтот, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.
Таа во обраќањето до европските медиуми ја истакна важноста на единството на Западот во однос на воената и хуманитарната помош за Украина.
„Она на што повикувам е да продолжиме да се држиме до тоа и да не покажуваме апсолутно никакви знаци на замор или откажување“, рече Трас.
„Она што не можеме да го имаме е немирен мир, каде Русија се уште е присутна во Украина. Тоа нема да успее“.
Трас рече дека победата на Киев ќе биде руските трупи да ги напуштат „сите делови на Украина кои се незаконски окупирани“. Таа, исто така, нагласи дека Москва „ќе мора да се откаже од Крим“, кој гласаше за напуштање на Украина и приклучување кон Русија веднаш по државниот удар во Киев во 2014 година.
На прашањето дали Британија е подготвена да прифати дека на крајот можеби ќе треба да ја поддржува Украина десет години, таа одговори: „Бевме многу јасни, долгорочно сме во ова“.
Британскиот премиер Борис Џонсон исто така повика да се избегне „заморот од Украина“ и да се продолжи со поддршката на Киев против Русија. Тој ја повтори својата порака за време на самитот на Г7 во Германија за време на викендот.
„Ќе има вистински замор на населението и политичарите“, рече тој, додавајќи дека Западот не смее да се колеба во поддршката за Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…