На македонскиот државајнин кој уби две сестри во Тирана му се заканува казна доживотен затвор
На македонскиот државјанин Перпарим Адеми (60), кој на 31 декември 2020 година изврши двојно убиство во Тирана му се заканува казна доживотен затвор.
-Обвинителството денеска побара доживотен затвор за Перпарим Адеми, кој утрото на 31 декември 2020 година смртно ги застрела сестрите Кристина Барди и Жанета Метани, во нивниот стан во населбата „Астир“ во Тирана, пренесува Ора њуз.
Тој со рафал од автоматска пушка најпрво ја усмртил Жанета, со која бил во љубовна врска, на која таа сакала да и стави крај, а потоа и нејзината сестра Кристина.
Според полицијата пред неколку години Перпарим го сменил презимете од Тела во Адеми. Убиството го извршил пред очите на децата на една од сестрите, по што се дал во бегство, но по неколку часа беше приведен и го призна делото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјe ќе добие голем клинички центар, веројатно…
„Кога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто…
Целосно затворен патот Крива Паланка – Куманово…
Сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка…
„Непознати извори“ би можеле да ги нападнат…
Андреј Федоров, советник на Кремљ, предупреди дека…
Драматичен пад на сообраќајот: Само еден товарен…
Само еден товарен брод вчера минал низ…
ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на…
По вчерашното одржување на првото судско рочиште…