Ау, каков успех: ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА, Нуров блескаво го победи Актурк во Алжир!
Македонскиот борач Магомедгаджи Нуров настапи во финалето во борење во категоријата до 97 килограми слободен стил на Медитеранските игри и го освои златниот медал, откако беше подобар од Фејзула Актурк од Турција.
Нуров во мечот тргна со негатива од 0-3, но двапати потоа успеа да го „легне“ својот противник на земјата по што го сврти натпреварот во своја корист (4-3) и судиите потоа прогласија победа за македонскиот борач.
Во првата битка на овој турнир Нуров беше подобар од тунискиот борец Мохамед Садауи, победувајќи го со 13-2. Следеа уште две убедливи победи со технички туш, над домашниот Мохамед Фарџ, како и шпанскиот ривал Алехандро Канада. Во полуфиналето, Нуров беше подобар од Мустафа Елдерс од Египет кого го совлада со резултат 6-1
Медал за Македонија од Медитеранските игри донесе и Владимир Егоров, кој настапи во репесаж во категоријата до 69 килограми и ја освои бронзата.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел најави затворање на Западниот Брег по…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им нареди на…
(Видео) Мицкоски со честитка за Денот на…
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод…
Трамп се закани со преземање на целата…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД,…
Централните банки забрзано купуваат злато: Се преиспитува…
Централните банки ширум светот ги зголемуваат набавките…
Ројтерс: Иран подготвил планови за напади врз…
Иран подготвил детални планови за напади врз…