Објавено на:

Дел од автобусите на ЈСП два часа ќе возат по изменети траси

t

Од ЈСП информираат дека денеска, среда (29.06.2022 год), во период од 10 до 12 часот, во случај на блокада на раскрсницата кај Дом на печат, дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

По изменети траси ќе сообраќаат следниве линии:

Линии 3, 3А, 3Б, 50 и 50А

Во насока од Рекорд кон Дом на печат, на раскрсницата на улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжуваат право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај Треска ќе вртат лево по улица „Франклин Рузвелт“, па лево по улица „Васил Ѓоргов“, десно по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама
Во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза“ према центар, ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси
Линии 23, 27, 33, 41А, 43, 44 и 57А

Во насока од Рекорд кон Клинички центар, на раскрсницата на улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжуваат право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на кружниот тек кај Католичка црква ќе се враќаат назад на постојката кај АМСМ, таа ќе биде почетно/крајна постојка за овие линии
Во обратна насока, од постојката кај АМСМ по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кон Рекорд и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси
Линија 5

Во насока од Рекорд кон Козле, на раскрсницата помеѓу улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжува право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај Треска ќе врти лево по улица „Франклин Рузвелт“, десно по улица „Васил Ѓоргов“ и ќе продолжува до Козле
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса
Линија 5 А

Во насока на Клинички центар, на кружниот тек кај Католичка црква ќе се враќа назад и почетно/крајна постојка ќе биде на првата постојка према Ѓорче Петров
Линија 9

Во насока на Клинички центар, по постојката кај Југодрво ќе врти десно на улица „11 Октомври“ до Рекорд, кај раскрсницата помеѓу улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжува право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај Треска ќе врти лево по улица „Франклин Рузвелт“, па лево по улица „Васил Ѓоргов“, десно по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…