Објавено на:

Трас: Велика Британија нема да и се приклучи на Европската политичка заедница

t

Шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас, денеска ја отфрли можноста Обединетото Кралство да биде дел од Европската политичка заедница, што ја предложи францускиот претседател Емануел Макрон.

Говорејќи на сослушувањето во Комисијата за надворешна политика на Долниот дом на британскиот Парламент, Трас ги негираше извештаите од Елисејската палата во кои се сугерира дека британскиот премиер Борис Џонсон покажал интерес за Европската политичка заедница во разговор со францускиот претседател.

Џонсон и Макрон разговараа на маргините на самитот на Г7, на 26 јуни во Германија.

Макрон предложи формирање на Европска политичка заедница која ќе биде отворена за европските држави кои споделуваат заеднички збир на демократски вредности, без разлика дали се членки на Унијата или не, дали сакаат да ѝ се приклучат или ја напуштиле.

Според некои аналитичари, идејата на Макрон може да биде средство за идните британски влади да ги обноват поблиските односи со ЕУ.

Трас, меѓутоа, кажа дека приоритетите на Велика Британија се зајакнување на улогата на НАТО и Г7, јави Еуроактив

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…

„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…

Италија испраќа 500 војници во Милано по…

Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…

Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…

Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…

САД ѝ се заканија на ЕУ со…

Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…

Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…

Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…