Објавено на:

Во јули, елитен женски тенис во Скопје, ќе се игра купот „Били Џин Кинг“

t

По двата турнири во машка конкуренција, тениското лето во Скопје ќе се заокружи со одржување на купот „Били Џин Кинг“ во женска конкуренција.

Туринирот започнува на 5 јули, а ќе биде одржан на терените на тенискиот клуб Југ во Градскиот парк.

Купот „Billie Jean King“ (поранешен Фед Куп) во Групата 3 од Евроафриканската зона ќе започне на 5 јули и ќе трае до 9 јули. Земјата победник на овој куп ќе добие шанса да биде промовирана во Група 2 од Евроафриканската зона.

На турнирот ќе земе учество и најдобрата македонска тенисерка на сите времиња, Лина Ѓорческа, како и Магдалена Стоилковска, Александра Симева, Ива Данева и Катарина Маринковиќ.

Покрај нашите тенисерки, на купот ќе земат учество и повеќе тенисерки од различни земји во светот, како Португалија, Албанија, Ирска, Конго, Јужна Африка и други.

Овој куп има богата историја во женскиот тенис и важи за елитен турнир во женска конкуренција. Тој е именуван по познатата тенисерка Били Џин Кинг, поранешна бр. 1 на светската ВТА листа. Купот Били Џин Кинг е најголемото сезонско женско меѓународно екипно спортско натпреварување според бројот на нации што се натпреваруваат. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…