Делови од 6 скопски општини утре без електрична енергија
Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Бутел, Чаир, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Сопиште.
Како што информираат од РЦУК Скопје, утре без струја во периодот од 08.30 до 09.30 часот ќе останат корисниците од ул. „Иван Манолев“ во Општина Бутел, од 08.30 до 15.30 часот корисниците од ул. „Ордан Чопела“ од бр.110 до бр.140, како и дел од корисниците од ул. „Јајце„“ во Општина Чаир, од 09.00 до 11.30 часот корисниците од ул. „Струшка“ во Општина Карпош, од 09.00 до 14.00 часот корисниците од ул.„21“ во Сопиште, Општина Сопиште, како и корисниците од ул. „Шидска“ бр.10, бр.12 – влезови 2, 3 и 4, и бр.42 во Општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 10.00 до 14.00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Румена Хаџи Панзова“ во Општина Кисела Вода, а од 13.30 до 16.00 часот корисниците од место викано Осојница во Сопиште, Општина Сопиште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска…
Клековски: Прободениот 13-годишник сѐ уште е во…
Тринаесетгодишното дете кое беше прободено со нож…
Определен притвор за едно лице за претепаниот…
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
