Протест пред владата на Црна Гора, СДП бара смена на Абазовиќ!
Пред зградата на црногорската влада денеска се одржа протест против потпишувањето на Темелниот договор со Српската православна црква (СПЦ), од кој социјалдемократите побараа од Демократската партија на социјалистите (ДПС) и Социјалдемократската партија (СДП), која е дел од актуелната влада, да покрене процедура за смена на владата на премиерот Дритан Абазовиќ.
Протестот беше свикан од невладината организација „Ловќенска гарда 1990“ поради работната верзија на Темелниот договор со СПЦ, а повикот за отповикување на владата на Абазовиќ до ДПС и СДП го испрати портпаролот на Социјалдемократите, Никола Зиројевиќ.
Протестот се одржа во момент кога премиерот Абазовиќ е во прва официјална посета на Белград, каде имаше средби со највисоките српски претставници, а денеска и со патријархот Порфириј.
Следниот протест е закажан за понеделник, а граѓаните ги повикаа и партиите да се приклучат. (MИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возел брзо во левата лента, па се…
Државјанин на Македонија е уапсен во Србија…
Црна Гора очекува до крајот на годината…
Црна Гора очекува до крајот на годината…
Мицкоски во ексклузивно интервју за Брајтбарт: Американски…
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во…
Синоќа засилено прскање против комарци во три…
Засилени акции за прскање против комарци синоќа…
Врховниот суд на САД привремено гo одобри…
Американскиот претседател Доналд Трамп доби привремена правна поддршка…