Објавено на:

Не сакаме војна со Русија: Протести низ Бугарија против одлуката за протерување руски дипломати

t

Протест против протерувањето на руските дипломати се одржа вечерва во Русе, јави БТВ.

Бугарски и руски граѓани се собраа пред Споменикот на слободата барајќи поништување на одлуката за протерување.

Русечани потсетуваат дека рускиот конзулат има стогодишна историја и им помага на над 5.000 руски граѓани од североисточна Бугарија. На протестот се приклучија и претставници на БСП и Вазраждане.

Учесниците го опишаа протерувањето на руските дипломати како невидено и закана за добрите односи меѓу двете земји.

Демонстранти со парола „Бугарија не сака војна против Русија“ се собраа пред катедралата Александар Невски во Софија незадоволни од протерувањето на 70 руски дипломати од Бугарија вечерва.

Организатор на демонстрациите е „Русофилите за преродба на татковината“.

Оттаму излегоа со став во кој ги дефинираа постапките на власта како злонамерни и предвидуваат дека ќе му наштетат на бугарскиот народ, економијата, туризмот.

Според нив, не биле презентирани докази за врски меѓу дипломатите и службите.

На протестот присуствуваше и пратеничката од Вазраждане, Цвета Галунова, која рече дека партијата сака државата да одржува нормални односи со Русија, а протерувањето на дипломатите го опиша како чекор кон прекинување на дипломатските односи меѓу двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

Минималната плата во Бугарија во 2027 година…

Минималната плата во Бугарија за 2027 година…

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…

Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…