„Истите документи се – Владата го лаже сопствениот народ за историски важно прашање“
– Значи нашиот почеток е на две рати. Две рати само за да почнеме. А вистински почеток секако нема додека не се направат уставните измени, бидејќи преговарачката рамка ќе се презентира дури тогаш. Втората “измена” пак е целосна измама. Ако во претходното пакување историјата, говорот на омраза по бугарски терк, спомениците итн., ќе се внесуваа во пристапниот процес преку “билатералните протоколи” по член 12 од договорот за пријателство, сега историјата, говорот на омраза по бугарски терк, спомениците итн., ќе се внесуваат преку “годишните прегледи и ефективните мерки за имплементација по член 12 од договорот, пишува Димитров.
– Ова е еден срамен обид и од дома, ама и од ЕУ, можеби на сугестија од дома, да се замачкаат очите на македонските граѓани нарекувајќи ги со друг назив истите обврски што мораме да ги преземеме и што сега стануваат обврски спрема ЕУ и за што ќе известува европската комисија. Ама замислете, дури и ова не било доволно, па вториот протокол, овој што треба да го потпишат денес утре или задутре Османи и Генчовска, што го содржи договорот по точките 4+1, тој си останува и со истиот назив – протокол. Овде не сме успеале ни називот да го смениме. И прегледот и мерките наведени во овој протокол, заедно со историските прашања, ќе бидат апсолутно дел од пристапниот процес, потенцира тој.
– Нашиот пат кон ЕУ ќе зависи од тоа дали Бугарија е задоволна од нашето исполнување на нивните желби. И токму затоа, одговорно тврдам дека овој пат е слепа улица, што никогаш нема да не’ донесе до посакуваното членство. Тоа е пат кон вечна агонија и измачување. Преседан што ќе го осетат на своја кожа и други земји кандидати по нас. Околу македонскиот јазик, и во ова пакување како и во претходното, ЕУ ќе констатира дека Бугарија ќе си достави (или сега си доставила) своја позиција за НАШИОТ јазик. Софија преамбулата ќе ја чита со Бугарите и сите други, но ќе го прескокнува делот со македонскиот народ, истакнува тој.
– Ценам дека деновиве живееме едни од најцрните денови во македонската историја по независноста. И додека Софија си ги бетонираше бугарските услови преку Собранието, ние се препелкавме во калта со владини лаги, цртајќи си се себеси како голема мета за европски притисок да попуштиме и да го прифатиме тоа што за сите земји членки освен Бугарија беше неприфатливо – целосна билатерализација на пристапниот процес измешан со агресија врз македонскиот идентитет и наметнување на бугарскиот наратив за историјата.
Почитувани сограѓани,
На влада што за вакво историски важно прашање го лаже сопствениот народ гледам како на туѓа влада. Не знам дали сум повеќе згрозен од предлогот што не’ носи во бескрајно измачување во рацете на Бугарија, или од овој обид за измама од епски размери.
Сме имале ние многу грешки во минатото. Ама ваков кукавичлук и бегање од соочување и искрен приод кон граѓанството за вака суштинско прашање не паметам.
Оваа влада мора да сноси политичка одговорност за овој срам. Оваа влада, почитувани сограѓани, ако веднаш категорично и конечно не го одбие предлогот што веќе два пати го одби, и не се извини длабоко за лагата, треба веднаш да падне!
ПС. Сликите подолу се од оригиналниот предлог. Владата објави пречистен текст без датумот. Меѓу другото, можеби за толку очигледната “измена” да биде помалку очигледна. Датумот пак ќе бара дополнително објаснување. Дури и да е заборавен и останат од некоја друга верзија, тоа речиси ништо не менува, пишува Димитров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…