Објавено на:

Македонија на чекор од 1/2 финале, ,,падна” Турција

t

Ракометната репрезентација на Македонија ја оствари целта, во последното коло од групната фаза славеше над Турција (22-31) и скокна на второто место на табелата кое води во полуфинале, но за да остане таму, ќе мора да добие услуга од Шпанија во дуелот со Алжир и „фуријата“ која досега е перфектна ќе мора да победи со поголема разлика против домаќинот на турнирот, за при евентуален круг, Македонија да остане втора со подобра гол-разлика.

Турците, кои се аутсајдери на хартија, во првото полувреме парираа само осум минути, кога резултатот на семафорот во Оран гласеше 2-3. Потоа, Македонија на Лазаров влезе во ритам и со два гола на Петковски и еден на Ѓорѓиев се одлепи на 2-6. Беше полесно да се игра во тој интервал од натпреварот и оттогаш позитивата цело време беше на контото на нашиот национален тим,

Во еден момент следеше мал пад во играта, поради кој Турција дојде на еден негатива додека се играше 16. минута (5-6). Проблем во тој момент беше и исклучувањето на Мартин Серафимов. Потоа беше и 6-6, па 7-8 и следеа три „празни минути“ во кои ниту едните, ниту другите не можеа да дадат гол. Мразот го скрши Петковски со третиот погодок на мечот за 7-9, потоа, по украдена топка, Ѓорѓиев зголеми на 7-10, меѓутоа таа позитива од три гола не успеа да се задржи и до полувремето (12-13).

Паузата им годеше повеќе на избраниците на Кирил Лазаров. Васил Гогов добро тргна на голот на стартот на вториот дел, Македонија тоа го искористи со голови на Серафимов и Костески, за 12-15. Потоа беше и 15-18, па следеа нови пет гола во серија на Македонија, инаку најдолга на мечот, овој пат на Серафимов, Стојковиќ, Петковски и Ѓорѓиев, за највисоки 15-23, по што веќе беше јасно кој ќе победи.

Извор: gol.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…