Маричиќ убеден: Никој ништо не може да ни наметне во овој процес

t

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ вели дека во никој случај историските прашања, кои се споменуваат во делот на добрососедските односи, не влегуваат како критериуми во преговарачката рамка.

– Добрососедските односи генерално се критериум, но не се причина за блокада во вака предложениот предлог. Имаме една рамка за решавање на разликите со Бугарија тоа се годишни прегледи, но ништо од тоа не е формален критериум на Европската Комисија, ниту пак се прави ниту според нив се прави какво било влијание на преговорите во кое било Поглавје, изјави Маричиќ во гостувањето во вестите на Канал 5 телевизија.

Вицепремиерот рече дека Протоколот како таков веќе го нема во преговарачката рамка, а она што се споменува се годишните прегледи, и објасни дека истите не се содржина, туку се механизам за имплементација на Договорот, којшто се базира на годишни средби од кои произлегуваат резултати.

– На тие годишни средби, на паритетна основа, подеднакво учествува и нашата Влада и бугарската Влада и ни таму ништо не може да ни се наметне. Сето она што ќе биде договорено, договорено е и со наша согласност и тоа е еден вид на гаранција дека никој ништо не може да ни наметне во овој процес, туку дека со билатерален механизам ќе ги решаваме разликите, додаде Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…

Европската Унија работи на паралелни реформи во…

Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ од Црна Гора: Време е за…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…

Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…

И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…

Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…