Детали за тешката сообраќајка на патот Струмица – Валандово: 11 повредени, меѓу нив и деца
Министерството за внатрешни работи соопшти детал за тешката сообраќајна несреќа која вчера се случи на регионалниот пат Р-1401, на место викано „Валандовско брдо“, а во која повредени се 11 лица.
-Во 16.20 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд мондео“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.И.(29) од с.Свидовица, струмичко, без возачка дозвола и патничко возило „фиат добло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.П.(32) од с.Муртино, струмичко, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот С.П. и сопатниците во возилото „форд“, малолетник од Штип, З.И.(26) од с.Свидовица и двајца малолетници од истото село, констатирани во Медицински центар Струмица. Со телесни повреди, констатирани, исто така, во Медицински центар Струмица, се здобиле возачот И.И. и пет сопатници во двете возила.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нашата држава е една од најбрзорастечките…
-Ние сме новата надеж. Ние сме промената…
Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од…
Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан…
Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…
ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…