(Фото) Јакимовски од пред Влада: Ги повикувам ДОМ, Демократски сојуз, ЛДП да ја напуштат Владата!

t

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски на неговиот Фејсбук профил објави фотографија од денешниот протест пред Владата на Република Македонија.

“Како што кажав ГРОМ недвосмислено го отфрла “францускиот предлог” и продолжуваме секогаш во првите редови кога станува збор за националните интереси.

Овој пат јавно ги повикувам лидерите на ДОМ, Демократски сојуз и ЛДП-Маја Морачанин, Павле Трајанов и Горан Милевски да ја напуштат Владата доколку цената е усвојување на “францускиот предлог”.
ГРОМ ја напушти коалицијата со ВМРО ДПМНЕ затоа што не трпиме диктати и неправди, одважете се сторете го и Вие тоа.
За Македонија!🇲🇰🇲🇰🇲🇰”, напиша Јакимовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…