Објавено на:

(Видео) Пожар во центарот на Москва, гори една од Капитал кулите

t

Црн чад се издига од една од двата облакодери познати како „Капитал Тауерс“ во центарот на Москава, покажува видео кое се појави на социјалните мрежи.

На местото на несреќата пристигнале итните служби. Според прелиминарните податоци, пожарот во Московскиот Капитал Тауерс започнал на покривот на зградата.

Повеќе информации за пожарот објави агенцијата РИА новости повикувајќи се на службата за итни случаи.

-На покривот на облакодерот Капитал Тауерс во близина на деловниот центар во Москва, според прелиминарните информации, се запалиле скелиња, но биле изгаснати пред пристигнувањето на спасувачите, соопшти централата на Министерството за вонредни состојби во главниот град на Руската федерација.

Во неделата вечерта се појавија извештаи за пожар во кулата во изградба. Забележано е дека пожарникарите веднаш заминале на местото по примање на повикот.

„Според прелиминарните информации, на покривот на зградата на вкупна површина од околу 1 метар квадратен гореле скелиња. Пожарот бил изгаснат пред доаѓањето на пожарникарите“, се вели во текстот на службата за итни случаи, пренесува РИА Новости.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…