Објавено на:

Лавров се закани: Руската амбасада во Софија не може да работи нормално, ќе одговориме на протерувањето

t

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално, и дека Москва ќе одговори на протерувањето на 70 руски дипломати од Софија.

„Според нашата проценка, според оценката на МНР, амбасадата во Бугарија во моментов не може да работи нормално. Се разбира, ќе им возвратиме на нашите бугарски колеги“, изјави Лавров на прес-конференција во Москва.

На 28 јуни Бугарија објави протерување на 70 вработени во руската дипломатска мисија, кои беа прогласени за персона нон грата во Софија.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија стана светски лидер во складирање струја…

За помалку од две години, Бугарија стана…

Румен Радев ја повика Европа на дијалог…

Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…

Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…

Бугарската влада во вторник се задолжи за…

18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…

Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…

(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…

Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…