Мицкоски станува кооперативен, ќе се формираат работни групи на ВМРО и СДСМ за да го разработат францускиот предлог
Ќе се формираат работни групи помеѓу политичките партии кои ќе работат на предлог забелешки на преговарачката рамка која е предложена.Предлогот е во тие работни групи помеѓу политичките партии да бидат по двајца преставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии. Првата средба се очекува утре, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека првата средба се очекува утре да се одржи.
-Позициите на ВМРО-ДПМНЕ и забелешките кои ќе бидат дадени ќе ги одразуваат позициите кои Мицкоски ги соопшти по средбата со Ковачевски.Тогаш изјавата на лидерот на опзоицијата Мицкоски беше“Да се избришат членот 11 и членот 14 од Протоколот, а потоа во преговарачката рамка каде имаме принципи врз кои се водат преговорите да ги избришат членовите каде се годишните прегледи и делот каде се повикуваат на протоколот на првата меѓувладина конфенреција. Нека ги избришат ако ова обезбедува европска иднина, еве нека ги тргнат овие четири точки. Нека останат Копенхагеншките критериуми како за сите земји, рече по средбата со премиерот, Мицкоски.
Од опозицијата велат дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во насока на заштита на идентитетот, јазикот но и отргнување од бугарските мегаломански барања врзани со негирањето на историјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курти доаѓа во Скопје
Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска…
Во чест на Доли Партон, Трамп нареди…
Доли Партон, една од најголемите ѕвезди на…
116 години од раѓањето на Мајка Тереза
На денешен ден, пред 116 години, во…
Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад…
Интензивното гаснење на пожарот на градската депонија…
Златото се искачи на 4.700 долари, растат…
Цените на металите на светските берзи денеска…