Објавено на:

Словенец кој бил детски тренер во хип-хоп украл велосипед во Скопје

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен словенечки државјанин осомничен за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, како и Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.

На 4 јули, пред спортскиот центар „Јане Сандански“, каде учествувал на Европско првенство за хип-хоп како тренер на група деца од Република Словенија, осомничениот забележал велосипед вреден 45.000 денари, кој би потпрен на ѕидот и незаклучен. Осомничениот го одзел велосипедот и го скрил во грмушка во близина на кејот на Вардар. Откако завршил натпреварот, велосипедот го расклопил на три дела и го ставил во багажниот простор на автобусот со кој групата требало да се врати во Словенија.

Откако била пријавена кражбата, полициски службеници го легитимирале и го претресле осомничениот, а во неговиот личен багаж пронашле две стаклени тегли и пластично кутивче со вкупно 13,57 грама наркотична дрога – марихуана.

Со оглед на тоа што се работи за странски државјанин без постојан престој во земјава, јавниот обвинител оцени дека постои очигледна опасност за бегство, како и можност тој да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војната во Украина се префрла во вселената?…

Потенцијално опасен инцидент во Земјината орбита отвора…

Димитриеска-Кочоска: Продолжена мерката за понизок ДДВ за…

Владата ги продолжи мерките за намалување на…

Наводи за „калашникови“ и „скорпиони“ кај учесници…

Автоматски пушки „калашников“ и автомати „скорпион“ наводно…

Израел ги забрзува процедурите за доселување на…

Израел се подготвува за зголемување на бројот…

Виткоф утре патува во посета на Москва:…

Специјалниот пратеник на Соединетите Држави, Стив Виткоф,…