(Видео) Митрески не ја осуди полициската бруталност на вчерашните протести пред Собранието
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски го праша координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, дали ја оправдува полициската бруталност на вчерашните протести пред Собранието на РМ.
– Јас како граѓанин, не како пратеник гледав што се случува, едни велат има полициска бруталност ама јас знам дека има повредени пипадници на МВР.
Повикувам да се воздржат демонстрантите од напад и да нема инциденти, не се криви за тоа што се случува ни припадниците на МВР, ни зградите ни опремата, вели Митрески, на што Александар Митовски додаде “Значи ја оправдувате бруталноста”, и тој заклучок не доби дополнителен коментар.
Проследете ја целата прес-конференција на следниот ЛИНК .
На вчерашните протести полицијата брутално тепаше момче, кое како што објасни не било дел од демонстрациите туку се враќало од работа. Во еден момент на видеото објавено од Инфомакс се слушаат пискотници бидејќи момчето не може да диша, а полицаецот продолжува да го притиска без мимлост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да му помогнеме на малиот Јован –…
Јован е две годишно детенце, близначе на…