Пендаровски: Настанот кој се случи вчера во Скопје не смее да се повтори

t

Претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи реагираше за вчерашниот инцидент кај „Скендерберг“. Тој апелираше протестите да продолжат достоинствено и без насилство.

-Неприфатливо е користење на насилство и поттикнување насилство во политички цели. Настанот кој се случи вчера во Скопје не смее да се повтори бидејќи нема ништо позначајно од мирот и безбедноста на сите граѓани. Упатувам апел до сите организатори на протестите, кои овие денови се одвиваат во Северна Македонија, да преземат одговорност и нивното демократско право да протестираат да продолжат да го практикуваат достоинствено и без насилство. Истовремено најостро го осудувам носењето и користењето на огнено оружје од цивили и граѓани на земјава, кои не се припадници на органите за безбедност. Вчера полицијата имаше навремена реакција која спречи поголеми судири. Очекувам сите лица кои вчера беа инволвирани во инцидентот да бидат приведени и соодветно санкционирани во најкус можен рок, напиша Пендаровски на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…