Објавено на:

Брнабиќ: Отвараме посебна инфраструктура за борба против кибер војната

t

Српската премеирка Ана Брнабиќ свечено го стави во пробна работа Објектот 2 во Државниот дата центар за податоци во Крагуевац, во кој ќе бидат сместени и складирани податоци и опрема на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Србија и Безбедносно-информативната агенција (БИА), јави дописникот на МИА од Белград.

– Оваа зграда ќе биде срцето на нашата безбедност. Ова е ново ниво на безбедност за нашата земја. Отвораме специјална инфраструктура за борба против кибер војната. Војната во Украина покажа колку е важно земјата да биде оспособена против кибер напади. Направивме уште еден важен и сериозен чекор во дополнителната безбедност на граѓаните и нашата држава. На национално ниво треба да се формира заеднички тим од сите безбедносни служби, кој потоа на едно место ќе ги вклучи сите наши капацитети, знаење, искуство и експерти, за да ја направи Србија побезбедна од кибер напади, а тоа дополнително ќе го подобри кредибилитетот и конкурентноста на целата наша земја, така и на нашата економија, изјави Брнабиќ во Крагуевац.

Според директорот на Канцеларијата за ИТ и е-Управа, станува збор за најдобриот дата центар за податоци во регионот.

– Со заедничка работа на најдобрите експерти на безбедносните служби и Канцеларијата за ИТ и е-Управа, изграден е уште еден центар според највисоките безбедносни и технички стандарди што ги исполнува најпребирливите критериуми за доверливост со 99,99 отсто. Ваков центар за податоци не постои во регионот, изјави директорот на канцеларијата Михаило Јовановиќ.

Во декември 2020 година, во Крагуевац беше отворен Државниот дата центар, во кој почна да се складираат податоци од државните институции, единиците на локалната самоуправа и комерцијалните корисници.

Објектот на Државниот дата центар во Крагуевац се простира на парцела од четири хектари и е комплекс од два објекти со вкупно 14.000 квадратни метри.

Објектот 1 на државниот центар за податоци беше отворен во декември 2020 година и оттогаш почна да складира податоци.
Во објектот 1 има и супер компјутер од најновата генерација, со високи перформанси, подготвен да обработи огромни количини на информации за краток временски период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спајиќ: Црна Гора ја сака Србија, но…

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ во интервју за…

Голема акција за апсење во Краљево, буџетот…

Во Краљево денеска се уапсени 15 лица,…

Вучиќ: Остануваме на европскиот пат за да…

Српскиот претседател Александар Вучиќ по враќањето од…

Вучиќ: Ни пристигнаа возовите од Кина!

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека возовите…

Вучиќ: Големи се шансите Косово да стане…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска истакна…