Дескоски за Југославија: Одлична држава и пазар од 22 милиони која Вучиќ ја уништи

t

Имавме одлична држава, 22 милиони пазар, рамноправни народи и републики, најблиски до Западот од комунистичкиот лагер. И на Милошевиќ му текна да ја уништи, за да реализира некаков налудничав концепт. Прв до него беше Шешељ, а зад Шешељ неговиот подмлаткар Вучиќ.

И денес некои генијалци во државава ни го цитираат Вучиќ за Францускиот предлог. Па Вучиќ е еден од тие што не доведоа до ова дереџе, пишува на својот фејсбук профил Тони Дескоски, професор на Правниот факултет во СКопје.

„Или мислите дека тој се покаја за сите злочини направени од Режимот на кој му припаѓаше во 90-тите години? Или можеби српскиот разузнавач залута во Собранието на 27 април?

Одлуката за Францускиот предлог мора да ја донесеме сами. Тешка е, има аргументи и за и против. И ќе мораме да живееме со својот избор.

Ама Вучиќ да не ни го спомнувате“, додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фарс: Трамп бил вклучен во план за…

Иранската новинска агенција Фарс објави дека американскиот…

Хакери упаднале во погонскиот систем на огромен…

Американските власти откриле дека хакери успеале да…

Да не го мислите тука е: Ким…

Северна Кореја утрово истрела засега неидентификуван проектил…

Трамп: САД нема да го забранат извозот…

Американскиот претседател изјави дека Вашингтон никогаш ниту…

Двајца Иранци обвинети за подготовка на терористички…

Британските власти обвинија двајца ирански државјани за…