Ќе се врати името?! Каракамишева бара поништување на Преспанскиот договор: Сите што се против францускиот предлог да ја насочат енергијата кон ова!
Професорката по уставно право, Тања Каракамишева, бара сите кои биле “ЗА” Договорот од Преспа, а се против францускиот предлог, да ја насочат енергијата кон поништување на Преспанскиот договор.
“СИТЕ што беа за Договорот од Преспа, а сега се против Договорот со Бугарија вклопен во т.н. француски предлог да ја насочат енергијата кон поништување на Преспа.
Се што се случува денес е ПОСЛЕДИЦА на Преспа.
Идентитетот ни го смени Преспа!
Бугарите умешно го искористија тоа и прават се комплетно да не збришат!
Балканската грчко-бугарска игра за бришење на Македонците под ЕУ/САД покровителство е повеќе од очигледна!
#ПоништувањеНаДоговоротОдПреспа” – напиша Каракамишева на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и Иран постигнаа договор – цените…
Шехбаз Шариф, Премиерот на Пакистан, кој дејствуваше…
Се бројат часови до потпишување на првичниот…
САД и Иран се согласија за рамка…
13 милиони денари ќе чини одржување на…
13 милиони денари ќе чини одржување на…
Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат…
За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални…
Што не го раскине договорот? Мицкоски кон…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно говореше за…