СДСМ: Апасиев е докажан проруски политичар

t

Денес коалицискиот партнер на Мицкоски, Димитар Апасиев ја откри вистинската намера и цел на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Левица а тоа е да не бидеме членки ЕУ за други или поточно туѓи алтернативи. Тоа што го мисли Мицкоски гласно го зборува Апасиев. Стратешкиот курс на земјата и напуштање на евроинтеграцијата, соопштуваат од СДСМ.

Oд партијата наведуваат дека „очигледно ова е вистинската скриена агенда на Мицкоски, директно насочена против ЕУ“.

„Мицкоски мора јавно да излезе веднаш и да соопшти кои се неговите вистински цели и која алтернатива има ја нуди на граѓаните? Дали тој се залага за Евроазиска унија како неговиот коалициски партнер со кој ги организраат протестите? Овие прашања мора да ги одговори јавно Мицкоски“, велат од СДСМ.

Владеачката партија смета дека „Апасиев е докажан и признат проруски политичар, но очигледно е дека и Мицкоски всушност ја води истата и силно ја поддржува таа политика. Целта на крвавото сценарио што не успеа очигледно беше составен дел од тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…

СДСМ нема да биде алиби на власта…

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…

Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…