Чешкиот амбасадор: Спремни сме за мазно спроведување на францускиот предлог откако ќе го одобри Скопје
Амбасадорот на Чешка во Македонија, Јарослав Лудва, вели дека неговата држава, како актуелен претседавач со Советот на ЕУ, е подготвена да придонесе за мазно спроведување на францускиот предлог, веднаш штом тој биде одобрен од Северна Македонија.
-Чешка отсекогаш била силен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Како претседателство со Советот на ЕУ, подготвени сме да направиме сѐ што можеме за да придонесеме за мазно спроведување на Преговарачката рамка предложена од претходното француско претседателство и да организираме меѓувладина конференција, веднаш откако таа ќе биде одобрена од Република Северна Македонија, вели чешкиот амбасадор на прашањето на „360 степени” за официјалниот став на неговата влада.
Коментарот на амбасадорот Лудва доаѓа по изјавата на чешката аналитичка Јана Јузова, која на трибина во Скопје рече дека, според нејзините информации, во чешкото МНР се „многу вознемирени со Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји-членки, туку само Бугарија, додека останатите земји биле оставени во темнина”.
Претходно, синоќа Јузова се дообјасни околу ова прашање со објава на Твитер.
-Сакам да разјаснам дека моите коментари и мислења се темелат на моето долгорочно истражување како аналитичар на политики кој го следи проширувањето на ЕУ и чешката надворешна политика и тие коментари во ниту еден случај не ја претставуваат официјалната политика на Чешка“, напиша Јузова на Твитер.
Чешка на 1 јули го презеде ротирачкото шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ. Од 1 јануари 2023 година претседавач ќе биде Шведска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…