Дрога и фалсификувани пари пронајдени кај малолетник од охридско
Фалсификувани пари и дрога пронашла охридската полиција кај малолетник од селото Елшани.
МВР денеска соопшти дека кај 16-годиншкикот биле пронајдени фалсификувани пари во вкупна вредност од 1.050 евра и дрога.
– При преглед извршен на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одземаа 21 банкнота од по 50 евра со ист сериски број и една ќеса со марихуана, стои во информацијата.
Лицето е приведено синоќа во 22 часот и 30 минути во СВР Охрид, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандинавски Охрид: Отпад и муљ оставени на…
На почетокот на летната сезона, непријатни слики…
Турист прегазил пензионер од Охрид
Возач на „Мерцедес“ од Србија вчера во…
Работник почина по пад при изведување градежни…
Утрово во 09.24 часот во СВР Охрид,…
Левица обвинува: Пецаков и Власта му дале…
Периодов интензивно се одвиваат градежни активности на…
Во Охрид и Струга вонредни инспекциски контроли…
Вонредни инспекциски контроли на АХВ во туристичките…