Во вторник во Валета, Малта ќе се одржи мирен протест пред Француската амбасада

t

,,Официјално добивме потврда од Комесарот на полицијата на Малта за одржување на нашиот МИРЕН протест на 12.07.2022 од 15:00 до 17:00 пред Француската амбасада во Валета. Нашиот протест е регистриран и официјализиран, но морам да напоменам затоа што гледам дека има многу од оние што сакаат да дојдат на овој протест и применат на било каков начин агресија! ОД МЕНЕ ИЛИ ОД БИЛО КОЈ НА НАШИОТ ПРОТЕСТ НЕМА ДА БИДЕ ПОДДРЖАНА ИЛИ ДОЗВОЛЕНА АГРЕСИЈА ОД БИЛО КАКОВ ВИД, овде сме достоинствено да ја претставиме Македонија и Македонскиот народ и ќе ги замолам сите што ќе дојдат со мене да ме поддржат.

За жал, не сме дома, и секаква агресија или провокација ќе биде третирана најсурово, а јас како организатор ќе бидам оној кој ќе понесе одговорност.

Дополнително, бев информиран дека не смееме да организираме поворка до и од местото на протестот затоа ќе ве замолам да дојдете директно пред Француската амбасада во одреденото време.
Да ги поддржиме нашите браќа дома достоинствено, кога можат тие без насилство, можеме и ние!
Никогаш Северна, само МАКЕДОНИЈА! ” , пишува на Фејсбук Антонио Ченто Ѓоргиев.

Со почит
Антонио Ченто Ѓоргиев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…