Објавено на:

Почнува контраофанзива: Украина ќе се обиде да го врати Херсон

t

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук синоќа ги повика цивилите во областа Херсон на југот на Украина, која е под контрола на Русија, итно да се евакуираат бидејќи украинските вооружени сили подготвуваат контранапад.

– Јасно е дека ќе има борби и гранатирање. Затоа ги повикуваме луѓето веднаш да се евакуираат, објави Верешчук на националната телевизија и нагласи дека не може точно да каже кога ќе се случи украинската контраофанзива.

Таа предупреди дека постојат сигурни сознанија дека жените и децата не треба да бидат во Херсон за да не се користат „како жив штит“.

Властите во Херсон, назначени од Русија, велат дека сакаат референдум за отцепување, но допрва треба да одредат датум, додека Кремљ вели дека иднината на регионот треба да ја решаваат неговите жители.

Украина изгуби контрола над поголемиот дел од црноморскиот регион Херсон, вклучувајќи го и истоимениот главен град, во првите недели по почетокот на руската офанзива на 24 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…

Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…

Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…