Објавено на:

Мицотакис бара од Ердоган одговори за картата со грчките острови на коалициониот партнер

t

За мапата на Турција во која се вклучени дел од грчките острови со која се фотографираше претседателот на Партијата за националистичко движење Девлет Бахчели на средбата со Сивите волци, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис бара одговори од турскиот претседател Реџепт Таип Ердоган за позицијата на неговиот коалиционен партнер, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис преку „Твитер“, ја објави фотографијата со конкретната мапа и на англиски праша дели тоа е „делириум на екстремистите или официјална политика на Турција?“, но и дали е „уште една провокација или вистинска цел?“

Добро погледнете ја оваа мапа. Крит, Родос, Лезвос, Хиос, Самос сите апсорбирани од Турција. Делириум на екстремистите или официјална политика на Турција? Уште една провокација или вистинска цел? Претседателот Ердоган мора да ја разјасни неговата позиција за последните лудории на неговиот помал коалиционен партнер, напиша Мицотакис на „Твитер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…

Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…

Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…

Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…

Летови од 19 евра и рачен багаж…

Европскиот авионски пазар би можел да добие…

Пожарот кај Студеничани се шири – Во…

Во изминатото деноноќие на територијата на државата…

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат откако…

Цените на суровата нафта продолжија да паѓаат…